16 лица зад решетки, ОЈО бара притвор за уште едно лице
Обвинителскиот тим задолжен за дејствијата во рамките на предистрагата за несреќата во Кочани продолжува да презема дејствија. И во текот на денешниот ден, со цел координација на активностите во Кочани е и Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски.
Врз основа на обезбедените докази се испитува улогата на 16 лица за кои обвинителството побара и обезбеди мерка 48-часовен притвор. Претрес денеска беше извршен и во просториите на Општина Кочани. Попладнево, до надлежниот суд, Основното јавно обвинителство Кочани ќе достави предлог за определување краткотраен притвор за уште едно лице.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа