Ангелов: Шукова е против иселувањето на Ромите кои живеат во депонијата Вардариште

 


Во денешната реакција кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вели: "Изјавата на Стојанче Ангелов дека Ромите во Вардариште требало насилно да бидат иселени е тешка и опасна навреда што го открива вистинското лице на оваа власт"

Ова значи дека Шукова сака овие Роми да продолжат да живеат во депонија. Сака овие Роми да продолжат да палат кабли и друг токсичен отпад предизвикувајки дополнителни пожари во депонијата Вардариште со што го трујат цело Скопје. Сака узурпација и небезбедни дивоградби на државно земјиште, реагираше директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов на изјавата на кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова.

Чисто како информација, би било убаво кога Шукова би позборувала со претставници на неколкуте здруженија на граѓани кои се борат против загадувањето кое се шири од дивата депонија Вардариште. Притоа нека ги запраша колку пати вербално и физички се нападнати од лица кои најверојатно живеат во дивата населба во Вардариште, вели Ангелов.

„За крај, јас како директор на Дирекцијата за заштита и спасување и уште повеќе како човек, не се согласувам "преживувањето" на неколку десетина ромски семејства да биде ставено пред животот и здравјето на стотици илјади граѓани на Скопје кои секојдневно вдишуваат отрови настанати од согорување на кабли и друг токсичен отпад. Бидејки, за мене, животот, здравјето и безбедноста на граѓаните секогаш се на прво место“, потенцираше Ангелов.

16.09.2025 - 13:26

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега