Пратениците оваа среда со полни раце работа

 

Во Собранието за денеска се закажани седници на пет собраниски комисии. Според информациите објавени на веб страницата, седници треба да одржат Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, Комисијата за надзор над спроведувањето на мерките за следење на кмуникациите, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. 

На дневен ред на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања е предлогот за основање на работна група за етички кодекс, а на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе бидат разгледани Предлог-измените на Законот за управуавње со конфискуван имот и Предлог законот за рехабилитација во прво читање. 

Членовите на Комисијата за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите ќе го разгледаат годишниот извештај за работењето на Оперативно - техничката агенција за 2024 година, а на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање ќе бидат разгледани предлог заклучоците за вршење надзор во овие две агенции. 

12.03.2025 - 07:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега