ВМРО: На СДСМ им смета што платите и пензиите почнаа да растат
СДС и ССМ делуваат заеднички, еден со друг си ги повторуваат тезите, манипулираат со јавноста и работниците и вештачки наметнуваат тези. Колку и да негираат, тоа е повеќе од очигледно и народот ги прочита. Ова денеска преку соопштение за јавноста го вели владејаќката ВМРО-ДПМНЕ.
- Планот на делување, кој се реализира преку ССМ, осмислен им е, најверојатно, во кујната на СДС, надополнета со неформалните коалициони партнери ДУИ и Левица. Слободан Трендафилов на чело на ССМ, одработувајќи за својата позиција, е само алатка за реализација на планот на СДС, чија крајна е застој во развојот на државата. СДС не сака Македонија да напредува и економијата да се развива, затоа преку ССМ сака десетици милиони евра да се трошат за придонеси, наместо да се инвестираат во развој кој ќе го подобри животот и ќе донеси бенефит за сите, велат ВМРО.
Додаваат дека на СДС му смета развојот и инфраструктурниот бум низ државата, не сака да се градат градинки, училишта, болници, улици, патишта. И тоа е многу очигледно.
- Државата се стабилизираше, почнаа да растат платите и пензиите, а економскиот раст последните два квартали од минатата година е над 3%, ова се факти со кои СДС не може да се помири. И на СДС му е јасно дека со вакво темпо на развој на државата, тие полека но сигурно ќе потонат во заборав. Па, затоа преку вештачки креирани теми се обидуваат да бидат актуелни и за актуелизирање на тие теми, преку Трендафилов, го користат ССМ. Злоупотребувајќи ја својата позиција во ССМ, Слободан Трендафилов синдикатот го внесува во непринципиелни сојузи со политичките партии СДС и Левица. Трендафилов одработува за СДС, за незаконски добиеното претседателско место и со тоа ја ставаат на коцка иднината на државата, додаваат од таму.
Според ВМРО, народот и работниците ги прочитаа и добро знаат дека не се грижат за работниците, туку манипулираат во јавноста за свои лични интереси.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа