Џеј Ди Венс објави фотографија од Зеленски: „Се согласувате ли дека е воен злосторник?“

 

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави на социјалната мрежа „Х“ објави фотографија од украинскиот претседател Володимир Зеленски, на која пишува „Воен злосторник“.

Постави и прашање: „Се согласувате ли? Да или не?“.

Ова доаѓа само два дена по драмата во Овалната соба во Белата куќа, каде тој заедно со американскиот претседател го нападнаа Зеленски. Трамп му рече дека се „коцка со Трета Светска Војна“, а Венс го укори дека на средбата ниту еднаш не се заблагодарил за воената поддршка која Киев досега ја добиваше од Вашингтон.

02.03.2025 - 15:55

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега