Зеленски: Ти благодарам Америка

 

Ти благодарам Америка, благодарам за поддршката и за оваа посета, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски во објава на Икс откако предвреме замина од Белата куќа по жестоката расправа со американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс.

„Му благодарам на претседателот Доналд Трамп, на Конгресот и на американскиот народ. На Украина ѝ треба праведен и траен мир, и ние работиме на тоа“, пишува Зеленски во објавата на Икс.

Oбјавата на Зеленски уследи по неговото заминување од Белата куќа по средбата со американскиот претседател која помина во тензична и напната атмосфера. И Трамп и потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, му префрлија на Зеленски оти не е благодарен за поддршката на САД и дека ризикува Трета светска војна.

 

28.02.2025 - 20:49

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега