Судот определи мерки на претпазливост за Филип Андов-Сокол и за другите осомничени по акцијата во затворот во Шуто Оризари

 


За ескдиректорот на затворот во Шуто Оризари, Филип Андов-Сокол, и за другите осомничени судот денес определи мерки на претпазливост по акцијата спроведена во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

Мерки на претпаливост беа определени за десет лица поврзани со акцијата.

Мерките вклучуваат забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на осомничените да се јавуваат повремено на определено службено лице во судот, привремено одземање патна или друга исправа за преминување на државната граница, забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица – осомничените во оваа постапка, како и забрана за преземање определени работни активности, а кои се поврзани со кривичното дело.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Според обвинението, петмина осуденици од затворот во Шуто Оризари незаконски биле привремено ослободувани по 8 до 10 часа, а тоа им го овзоможувал поранешниот директор Филип Андов, кој е осомничен заедно со уште девет лица во постапката на Обвинителството за гонење органзииран криминал и корупција. Тие се гонат за противзаконито ослободување лице лишено од слобода и за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.

Спроведувањето осуденици од затвор се врши единствено до суд, здравствена установа или друг орган. Но, тие доставувале молба до Андов, кој со факсимил или потпис одобрувал повремено да го напуштат затворот. Второосомничен е командирот на затворска полиција, кој изготувал наредба за нивен спровод, а понекогаш тоа го прваел и третоосомничениот затворски полицаец и личен возач на директорот.

28.02.2025 - 14:36

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега