Времето се менува: За викенд дожд, во понеделник снег

 


Денес, во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни со услови за појава на ретки грмежи.

И утре ќе се задржи променливо облачно и релативно топло време со повремен локален дожд. В недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд, наместа пообилни (до 15 l/m2) и дневните температури ќе бидат пониски. Во текот на ноќта кон понеделник на планините и на некои повисоки места во западните и северните делови врнежите ќе бидат од повремен снег. Ќе дува умерен, по должината на Повардарието засилен северен ветер, најави УХМР.

Од понеделник времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Во Скопје денес кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта, ќе има врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поројни.

Утре, во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд, а повремени врнежи ќе има и в недела и ќе дува умерен северен ветер.

28.02.2025 - 12:48

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега