Утре не заборавајте чадор: УХМР најавува поројни дождови

 


Управата за хидрометеоролошки работи прогнозира врнежи од дожд кои утре и во деновите од викендот наместа ќе бидат повремено поројни.

– Во недела и ноќта кон понеделник на планините и на некои повисоки места, претежно во северните и североисточните делови, врнежите ќе бидат повремено од снег, соопшти УХМР.

Повремен локален дожд се очекува денеска попладне и кон крајот на денот, а ќе дува и слаб до умерен променлив ветер.

27.02.2025 - 16:35

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега