МНР го отповика Жерновски и уште осум други амбасадори
Министерството за надворешни работи и трговија вчера отповика девет амбасадори. Одлуката е донесена поради неисполнување на членот 39 од Законот за надворешни работи, односно тие не ги претставиле дипломатските тези пред Комисијата за надворешна политика пред да бидат упатени за ополномоштени амбасадори.
Станува збор за:
1. Мето Белески, Брисел, Кралство Белгија
2. Катерина Ставревска, Лондон, ВБ
3. Зеќир Рамчиловиќ, Подгорица
4. Пајо Авировиќ, ОБСЕ
5. Емил Крстевски, Прага
6. Јакуп Реџепи, Сараево
7. Агнеза Руси, Софија
8. Џенк Сејфула, Стокхолм, Кралство Шведска
9. Андреј Жерновски, Букурешт, Романија
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа