Утрово најстудено на Попова Шапка - денеска температурата до 12 степени

 

Најстудено утрово е на Попова Шапка, -2 степена, а минусни темпратури има во Битола и Берово -1 степен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Нула степени се измерени во Крива Паланка, Тетово, Крушево, Лазарополе и Маврови Анови, 1 степен во Демир Капија и Виница, 2 во Скопје - Зајчев Рид, Прилеп, Велес, Штип, Кавадарци и Струмица, 3 степени во Скопје Петровец, Претор и Гевгелија и 4 степени во Охрид.

УХМР известува дека во Струмица до 7 часот утрово се измерени 2 литра воден талог на квадратен метар во изминатите 24 часа. На Попова Шапка се измерени 30 сантиметри снежна покривка, 3 см во Маврови Анови и 2 см во Берово.

По одделни котлини претпладне ќе има појава на магла. Преку денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во планинските региони со услови за појава на слаб краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.

-Во Скопје претпладне во делови од котлината со појава на магла, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 12 степени, соопшти УХМР. 

25.02.2025 - 09:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега