Нови правила во ЕУ: Секој возач над 70 години под посебен надзор

 

Според новиот предлог на Европската комисија, сите возачи на возраст над 70 години ќе мора да поминат построги медицински прегледи, а се разгледува и можноста за воведување практичен возачки испит.

Целта на овие мерки е да се зголеми безбедноста на патиштата, но предлогот веќе предизвикува контроверзии низ Европа. Иако некои земји веќе имаат одредени барања за постарите возачи, до сега немаше унифициран систем на ниво на ЕУ.

Воведувањето построги правила може да значи крај на безусловното продолжување на возачката за постарите возачи, а потенцијалната обврска за полагање на практичен тест може дополнително да ја искомплицира ситуацијата.

Кога станува збор за практичниот тест, многу земји-членки се обидоа да го воведат во минатото, вклучително и Грција, но од различни причини тој никогаш не беше спроведен.

Во моментов во ЕУ нема старосна граница за добивање возачка дозвола, а законот предвидува возачите на возраст над 65 години на секои три години да подлежат на лекарски преглед од двајца лекари. По 80-тата година, прегледите зачестуваат и вклучуваат повеќе лекари специјалисти.

Во Македонија, Возачката дозвола се издава со рок на важење од десет години, а на лицата постари од 70 години, со рок на важење до три години.

На лицата кои во време на издавањето на возачката дозвола имаат повеќе од 65 години возраст, возачка дозвола им се издава со рок на важност до денот на навршувањето на 70 години возраст.

Возачка дозвола може да се издаде или нејзината важност може да се ограничи и на рокови пократки од роковите, врз основа на наодот и мислењето на здравствената установа, содржани во уверението за здравствената и психофизичката способност на лицето.

10.02.2025 - 18:33

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега