Решенија за вработување за 27 наставници од основните училишта во општина Ѓорче Петров
Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски објави дека се реализирани 27 решенија за трајно вработување на наставници во сите основни училишта во општината.
-Наставниот кадар е најсилната алка во образовниот систем, важноста на наставниците и континуираното подобрување на условите за работа се наш врвен приоритет. Инвестициите во образованието се континуиран процес на кој сме целосно посветени, вели Стојкоски.
05.02.2025 - 18:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа