Пукање во Охајо: Едно лице загина, петмина повредени
Вооружен напаѓач уби едно лице и рани пет во вторникот во зградата на магацин во Њу Албани, соопштија градските власти.
Напаѓачот е идентификуван и полицијата „работи на фаќање на осомничениот“, се вели во соопштението на градската управа на Њу Албани. Сите вработени се евакуирани од магацинот, се додава.
Инцидентот се чини дека е „насочен тип на напад“, изјави началникот на полицијата во Њу Албани, Грег Џонс, за „Ен-би-си 4“, без да даде детали.
Тој додаде дека пред пукањето немало расправија, а не се соопштува ниту мотив.
На местото на настанот е пронајдено огнено оружје, се вели во извештајот.
Петмина повредени се пренесени во болница.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа