Условна казна за негувателката од Велес која им даваше електронски цигари да децата - доби и 5-годишна забрана за работа
Постапувајќи по поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Велес, Основниот суд во Велес донесе првостепена пресуда против негователката во градинка – Злоупотреба на службената положба и овластување 353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Вработената е огласена за виновна бидејќи на децата им давала да пробаат електронска цигара и Судот и изрече условна осуда, како и споредна казна забрана за вршење професија дејност или должност во траење од 5 години по правосилноста на пресудата. Надлежниот јавен обвинител поднесе жалба на пресудата поради одлуката за кривичната санкција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа