Разбиена лабораторија за фалсификување документи во Приштина
Косовската полиција разби голема операција за фалсификување документи во Приштина, запленувајќи илјадници празни документи за идентификација од над 50 земји, вклучително и Србија.
Акцијата започнала минатиот петок со пресретнување на возило во кое биле пронајдени фалсификувани документи. Возачот, идентификуван како Ф.К., бил уапсен, а полицијата извршила претрес во куќа во Приштина која служела како лабораторија за производство на лажни пасоши, лични карти и возачки дозволи.
Во лабораторијата биле пронајдени ласерски машини, принтери, над 20.000 микрочипови и илјадници празни документи од 51 земја, меѓу кои и Србија, Обединетото Кралство, Бразил, Мексико и Германија.
На уапсениот Ф.К. одреден му е во притвор еден месец, а против него е отворен случај за „фалсификување документи“ и „организиран криминал“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа