Обвинителите водат две постапки против Дрин - внук на Али Ахмети
Јавните обвинители водат две постапки за внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Дрин Ахмети. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во изјава за медиумите рече станува збор за два случаи кои ги водат две различни Обвинителства.
-За Дрин Ахмети се водат две постапки. Едната постапка се води во Основното јавно обвинителство за организиран криминал, а другата постапка се води во Основното јавно обвинителство Скопје. Едната постапка е по правна помош за Соравија, а другата постапка е за ископи на природни минерали, рече Коцевски.
Во интервју за КОД објавена вчера, Дрин Ахмети тврди дека од поканата од обвинителството да дојде на разговор за кривичната пријава дека неговата фирма „Еверест ЏД“ не плаќала концесиски надомест за експлоатација на минерални суровини од рудник во Кичево дознал од медиумите.
Тој на 18 ноември, минатата година бил на информативен разговор во обвинителството.
-Јас дојдов од САД специјално со цел да одговорам на официјална институција која многу ја почитувам и да одговорам на било кои сомневања кои ги имаат за тоа што сум направил. Ова се однесува на случајот за концесијата. Јас им објаснив на нив. Им ги обезбедив уплатите, им ги обезбедив платните камати за доцнење и им кажав зошто имаше доцнење. Технички причини зошто имаше доцење, рече Ахмети во интервју за КОД.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа