Финансиската полиција ги истражува шесте тендери во ЕСМ

 

И Финансиската полиција се вклучи во истрагата на шесте тендери за јавни набавки спроведени од Електрани на Северна Македонија за кои државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски веќе објави дека е почната предистражна постапка.

Тој денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека се надева оти ОЈО Битола за брзо време ќе ги прибере потребните докази.

-Основното јавно обвинителство Битола води постапки за шест јавни тендери со тоа што можам да истакнам сега дека интензивно работи и е плус вклучена Финансиската полиција. Се надеваме на брзо доаѓање до евентуални докази, рече Коцевски.

Ова доаѓа по предметот „Адитив“ кој ја вклучува обвинителната постапка против поранешните директори Васко Стефанов и Васко Ковачевски.

20.01.2025 - 12:43

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега