СДСМ до Мицкоски: Пак се китиш со туѓи перја - ние ја направивме пругата

 
Пуштањето во употреба на железничката пруга Куманово-Бељаковце иститoчниот дел од Коридорот 8, е уште еден значаен стратешки инфраструктурен проект кој е потврда за правилните политики  на СДСМ, велат од опозициската СДСМ.
 
90% од изградбата на пругата Куманово-Бељаковце е завршена во периодот на Владата на СДСМ и горди сме што денеска се пушта во употреба.
 
Денешното возење на Мицкоски и половина ДПМНЕ во воз по пругата Куманово-Бељаковце  е уште едно признание за се она што СДСМ го направи во изминатите години.
 
Мицкоски се кити со туѓи перја но сепак добро е што проектот е завршен, тоа е во интерес на граѓаните.
 
„Пругата наречена надеж“ 28 години тапкаше во место и немаше никакво поместување во делот на изградбата. Благодарение на посветеноста на Владата на СДСМ изградбата започна во октомври 2022 година и сега се завршува. 
 
СДСМ докажа дека кога се има желба, кога се работи посветено и со правилно менџирање на буџетските финансии и ресурси, секоја цел е остварлива. 
 
Овој значаен инфраструктуен проект отвора нови европски рути за железнички превоз, го подобрува регионално поврзување на Македонија со пристаништата во Бургас и Варна во Бугарија и Драч во Албанија, што е од исклучителна важност за македонската економија.
 
Дополнитлено новата железничка инфраструктура е можност за отворање на пазари за нови инвестиции, за нови соработки меѓу домашните, но и со меѓународните компании, помалку трошоци за транспорт и безбеден траснпорт. 
 
Инфраструктирните проекти на СДСМ, се проекти со трајна вредност и се потврда дека СДСМ работи за реалните потреби на граѓаните, создавајќи проекти кои го унапредуваат животот во нашата земја, стои во реакцијата на СДСМ.

 

17.01.2025 - 15:43

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега