Николоски најави нова авиолинија: Дијаспората ќе биде задоволна
Министерот за транспорт Александар Николоски најави нова авиолинија од Македонија, но не кажа детали ниту за која авиокомпанија станува збор, ниту за која дестинација.
-Во однос на авиолиниите мислам дека се направи повеќе отколку десетина година наназад. Утрово имам потврда за деветта, сѐ уште не можам да ја кажам јавно, но мислам дека нашата дијаспора ќе биде многу задоволна кога ќе ја слушне, рече Николовски.
На Меѓународната конференција организирана од Паневропската унија, посветена на бизнис дипломатија рече, следи година на интензивни инвестиции во инфраструктурата.
-Интензивно работиме на преку 150 километри автопатишта во моментов во државата. Се гради Прилеп - Битола, се гради Охрид - Кичево, Гостивар - Букојчани, популарната Стража. Во следниот период ќе има тендер за Букојчани - Кичево, како би се споил целиот коридор 8. Во моментов има тендер за Скопје - Блаце, за конечно и тој автопат да се заврши кон Косово. Така што, навистина имаме една голема инвестициска активност. Очекувам да отвориме 40 километри од автопатот Охрид - Кичево до почетокот на летната сезона, најбитната од автопатото. И во следниот период ќе излеземе со многу убави вести за брзата пруга на Коридор 10 којшто, практично треба да е главниот крвоток на Македонија, рече Николовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа