Минимална плата од 500 евра, ама придонесите да останат исти - Комората на северозападна Македонија со свој предлог

 

По барањето на Сојузот на синдикати на Македонија да се зголеми минималната плата, Стопанската комора на северозападна Македонија излезе со предлог таа да изнесува 500 евра, но придонесите да останат на нивото на сегашната минимална плата.

Овој став на Комората денеска го потврди и нејзиниот претседател, Менди Ќира, кој смета дека тоа е единствен начин да се реши минималецот на подолг период.

-Да, ние стоиме на тој став минималната плата да биде 31.500 (денари) и придонесите да останат исти и мислиме дека тоа е единствена солуција и начин да се реши минималната плата за подолги години, изјави Ќира, одговарајќи на новинарско прашање пред состанокот што Стопанската комора на северозападна Македонија попладнево го организира со претставници на Владата.

16.01.2025 - 14:55

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега