ВРЕДИ: Без ВМРО-ДПМНЕ нема уставни измени
Новата Влада, во која коалицијата Вреди е одговорен и активен партнер, е цврсто посветена на ЕУ агендата и активно работи на достоинствено исполнување на условите за динамизирање на процесот што води кон полноправно членство во Европската Унија, соопшти денеска коалициата Вреди.
Коалицијата се изјасни во врска со, како што се вели во соопштението, шпекулаиите за рокот од шест месеци за уставните измени, како чекор кон продолжување на патот кон ЕУ!
„Ние, министрите од Вреди, секогаш сме демонстрирале највисока посветеност кон европските интеграции – не само со зборови, туку и со дела. Рокот од шест месеци не е само временска рамка, туку е обврска која ја разбираме и ја почитуваме. Сепак, мора да постои политичка логика и реалност. Дали има двотретинско мнозинство во Собранието без пратениците на ВМРО-ДПМНЕ? Не, нема. И тука лежи суштината: процесот на интеграција бара соработка, зрелост и одговорност од сите политички субјекти. Вреди не ги заборава обврските, но потсетуваме дека решението не може да биде еднострано“, се вели во соопштението.
Владата има јасен план, стратегија и акциски чекори кои се преземаат секојдневно, додава Вреди.
„Нашата поддршка, не само сега, туку и во минатото, спасуваше клучни процеси. Со еден таков чекор обезбедивме старт на преговорите со ЕУ. Апелираме до сите општествени чинители, вклучувајќи ги политичките партии, да престанат со ситни политички манипулации на сметка на ЕУ интеграциите. Европската иднина е над политиката на дневни калкулации“, соопшто владејачката коалиција Вреди.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа