Мицкоски: РЕК Битола е во алармантна и катастрoфална ситуација, очекувам денеска стабилизирање
Премиерот Христијан Мицкоски очекува состојбата во РЕК Битола денеска да се стабилизира и да продолжи редовното производство, откако два термоблока изутрината беа исклучени од мрежа.
- РЕК Битола е во алармантна и катастрoфална ситуација поради сето тоа што се случувало во изминатиот период, имаше една голема акција, што е само почеток, ќе има уште многу од она што го располагам како информација, но, се бориме. Очекувам таму состојбата денеска да се стабилизира и да продолжиме со редовно производство и со она што го добиваат граѓаните. Но, борба ќе има, нормално е, тоа е наследена состојба, рече денеска Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа