Вратена зимската линија Тетово – Попова Шапка

 


Општина Тетово повторно воведува зимска автобуска линија Тетово - Попова Шапка - Тетово. Автобусите на општинското претпријатие за јавен превоз „Тетово Транспорт“ од овој викенд ќе почнат да возат до скијачкиот центар и назад, а цената за повратен билет е 200 денари.

-Оваа линија ќе биде во функција секоја сабота и недела и очигледно ќе влијае не само на зголемување на бројот на туристи, туку и на олеснување на сообраќајот на овој патен правец. Патниците ќе се превезуваат со автобуси на Јавното претпријатие „Тетово Транспорт" – Тетово, со што граѓаните ќе можат полесно да патуваат до овој туристички центар. Евентуално, доколку настане хаос во сообраќајот, автобусите ќе застанат на местото викано „Сидол", од каде ќе се врши превоз со комбиња до крајната дестинација, информираат од Општина Тетово.

Од Тетово до Попова Шапка автобусите ќе тргнуваат во 08:00, 10:00, 12:00 и 15:30 часот, а во градот ќе се враќаат еден час подоцна од овие термини.

13.12.2024 - 15:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега