Снема нафта: Од попладнево Скопје останува без јавен превоз - автобусите се паркираат
Од попладнево нема да има јавен превоз во Скопје оти нема гориво за автобусите. ЈСП „Скопје” има долг кон фирмата добавувач „Пуцко петрол” и поради тоа веќе не се испорачува нафта, јавува СДК.мк
Како што јавува порталот, во сообраќај ќе останат само автобусите на гас кои се 25 на број.
Возачите постепено ги паркираат автобусите во гаражите. Последен пат испорака на нафта добиле во понеделникот.
Од Град Скопје се уште нема официјална информација.
20.11.2024 - 14:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа