Меџити: Македонија се приклучува на глобалната борба против климатските промени
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес учествуваше на денешниот состанок на високо ниво за подготовка на новата Рамка за соработка за одржлив развој за петриодот 2026–2030, меѓу Обединетите Нации и Република Северна Македонија.
Првиот вицепремиер Меџити на состанокот на кој беше присутен претседателот на Владата Христијан Мицковски и министрите, ги претстави приоритети на Министерството за животна средина и просторно планирање значајни за одржливиот развој кој е актуелен процес, во насока на подобрување на еколошкиот, економскиот и социјалниот аспект.
„На идните генерации треба да им оставиме избор од подобри можности, како и стабилен балансиран социо-економски развој, кој треба да овозможи пошироко поле за човекова активност, а сепак да ги почитува границите на природата и животната средина и да нема негативни ефекти врз човековото здравје“, изјави Меџити.
Република Северна Македонија, рече Меџити, како држава-кандидат за полноправно членство во Европската Унија е исправена пред предизвиците на ефикасното спроведување на сериозни реформи во општествениот систем од кои особено значење за нејзиниот севкупен развој има животната средина.
„Со усвоените документи на национално ниво и нашето одобрување кон Зелената Агенда на Западен Балкан, нашата држава го препозна потенцијалот на зелениот раст и развој. Знаејќи го влијанието на климатските промени, политиките на Владата треба да се насочат кон поодржливи политики, детерминирани и проектирани во националните стратегии“, изјави Меџити на состанокот, додавајќи дека секторските приоритети во областа на животната средина и климатските промени се целосно усогласени со Европскиот зелен план и Зелената Агенда за Западниот Балкан.
Меџити ја нагласи неопходноста од преземање на координирана акција на локално, регионално и глобано ниво, за превенција, намалување и ублажување на штетните влијанија врз животната средина.
На денешниот Состанок на високо ниво беа присутни владиниот кабинет и постојаната претставничка на Канцеларијата на Обединети Нации во Северна Македонија, Рита Колумбија заедно со претставниците на агенциите на Обединети Нации во нашата земја.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа