Таткото на Вања бил зависник од дрога - Сведочеа бабата и дедото на Вања
Со сослушување на родителите на Александар Ѓорчевски, на предлог на Јавното обвинителство во Основниот кривичен суд Скопје, денеска продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.
Зоран Ѓорчевски, дедо на убиената Вања на денешното судење изјавил дека неговиот син, Александар, татко на Вања, имал проблеми со зависноста во младоста, но успешно се излекувал.
Истото го потврдила и мајката на Александар која истакнала дека Александар бил зависен од дрога пред 30 години, но се излекувал пред да се ожени.
15.11.2024 - 11:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа