Град Скопје: Сите не блокираат, ама ние реализираме капитални проекти
И покрај сите блокади во Советот на Град Скопје, инвестираме и реализираме голем број капитални проекти кои суштински на подобро ќе го променат движењето и животот во главниот град. Токму еден таков проект е изградбата на булеварот Љубљанска чија прва фаза на реализација се завршува вклучително со изградбата и на подземната инфраструктура. Согласно проектот се работи за ново булеварско решение со поврзување на нов мост на реката Вардар од таканаречен тип “extradosed bridge, стои во соопштението на Град Скопје испратено до медиумите.
Оттаму велат дека ова сообраќајно решение ќе го олесни движењето на граѓаните на Општина Карпош директно поврзувајќи ги со улицата Скупи. Ваквото решение не само што ќе го скрати времето на патување туку и значително ќе го намали сообраќајниот метеж во овој дел од градот. На овој потег истовремено покрај булеварското решение се гради и нова велосипедска и пешачка патека со соодветно партерно уредување.
14.11.2024 - 18:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа