Доаѓа премиерот на Србија - очекувајте гужви, ќе има посебен режим на сообраќај

 


Поради официјалната посета на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, денеска во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај, соопшти МВР.

- Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, се наведува во соопштението.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

07.10.2024 - 09:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега