СДСМ: Промените во екстерното - доказ дека проектот е неуспешен
СДСМ денеска во писмената реакција на прес - конференцијата на министерот Спиро Ристовски за екстерното тестирање оценува дека измените што се најавуваат се признание за неуспешниот проект што оди на штета на учениците и наставниците.
- Самиот министер Ристовски изразува очекување дека предложените измени ќе ги елиминирале техничките и процедурални недостатоци на екстерното тестирање. Сепак и покрај постоечките дилеми, власта го проширува екстерното оценување и на учениците од 4-та година, се вели во реакцијата и се додава дека со измените ќе се зголеми стресот кај учениците во завршните години, велат од СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа