Ѓорѓиевски: ЗЕЛС апелира МВР да ги пронајде испраќачите на дојави за бомби, ова е тортура на учениците

 

Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски на својот официјален фејсбук профил објави дека ЗЕЛС апелира и го повикува МВР да преземе сериозни чекори за пронаоѓање на испраќачите на маил пораки за поставени бомби низ училиштата во Скопје и другите градови.

„ЗЕЛС апелира и го повикува МВР да преземе сериозни чекори за пронаоѓање на испраќачите на маил пораки за поставени бомби низ училиштата во Скопје и другите градови.

Родителите повеќе не се должни и не можат да го издржат овој притисок кој секако е плод на неодговорно однесување на некои субјекти, но и е плод на неможноста на МВР да стави крај на оваа ерозија на системот!

Ова не е ситуација која се случува од пред неколку дена туку со месеци и претставува тортура за граѓаните.

Како претседател на ЗЕЛС, го повикувам министерот Спасовски да ги заврши објаснувањата како не можат да ги најдат сторителите, бидејќи во системот и МВР и тој е поставен за министер токму да ги најде сторителите.

Не поминува повеќе никакво објаснување бидејќи резултати од ниедна истрага нема.

Ова е класична тортура на учениците, родителите, наставниците и на сите граѓани и мора да престане.

Исто така, го повикувам Министерството за образование да најде начин наставата да продолжи и да се зафати сериозно со овој проблем бидејќи системот за онлајн настава не функционираше вчера, а не функцонира и денеска за некои училишта.

Ова е аматеризам на институциите што секојднево го гледаме и ни се случува.

 

Во име на родителите ве замолувам и барам да ставите крај на овој хаос!“-стои во неговата објава.

 

 

02.03.2023 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега