Борел: ЕУ ќе и помага на Украина до победа
Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел денеска изјави дека Русија повторно извршила воздушни напади врз украинските градови.
- Русија ги напаѓа Киев, Харков, Запорожје, Лавов и други украински градови, а го наруши и воздушниот простор на Молдавија. Бомбардирањето цивилни цели е воено злосторство и нема да остане неказнето. ЕУ ќе и помогне на Украина да се одбрани додека не победи. Ние стоиме со Украина, напиша Борел на Твитер.
10.02.2023 - 21:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа