ВМРО-ДПМНЕ: Само СДСМ не може да прифати дека сме четврта најмалку задолжена земја во Европа
ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираше на прес-конференцијата на опозициската СДСМ, за задолжувањето на Владата.
- СДСМ тера инает со фактите. Единствено само СДСМ не може да прифати дека Македонија води стабилна економска политика. Само за нив не се релевантни оценките дека Македонија е четвртата најмалку задолжена земја во Европа. Ова го потврдија и ММФ и Светската банка и реномираните Фич и Стандарт и Пурс, велат од партијата.
ВМРо-ДПМНЕ додаваат дека СДСМ е осамен во своите неаргументирани критики бидејќи сите угледни финанскиски институции во светот ги признаваат економските резултати, само СДСМ не може тоа да го прифати.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа