Дибиров се премисли: Најави дека ќе си замине, па потпиша нов договор со Вардар

 

Рускиот ракометар Тимур Дибиров неодамна најави дека ќе си замине од македонскиот ракометен шампион Вардар, но очигледно се премислил и денеска потпиша нов договор.

Дибиров стави потпис на договор до 2023 година, па ќе го носи дресот на „црвено-црните“ најмалку до јуни 2023 година.

„Тимур Дибиров, клупската икона на Вардар ќе го носи „црвено-црниот“ дрес на Вардар и во следната сезона, најмалку до јуни 2023 година, со можност за продолжување на соработката. Клубот и левото крило на Вардар се договорија за продолжување на соработката со што Русинот ќе ја игра 10-тата сезона во Скопје.
Тој е еден од оние ракометари со најдолг стаж во клубот со кого се поврзауваат и најголемите клупски успеси на Вардар. Миленик на публиката и голем мотиватор на екипата.
Левото крило дојде во Вардар во 2013 година и оттогаш има освоено седум шампионски титули и седум куп титули. Покрај тоа со Вардар трипати го освои Супер купот на Македонија, четирипати беше победник на СЕХА лигата и двапати беше европски првак.
Сега Вардар е на чекор до освојување на 15. титула во првенството и викендов ќе игра на Ф4 во Купот на Македонија.“, соопштија од Вардар.
Дибиров кажа дека е среќен што останува во тимот од Скопје.
„Среќен сум што отанувам во Вардар. Не можам да се замислам во друг дрес и друг клуб. Им благодарам на сите за поддршката што ми ја даваат. Со клубот се договоривме за продолжување на соработката и заедно да постигнуваме резултати како и досега, изјави Тимур Дибиров.
12.05.2022 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега