Лазаров: Да ми понудеа ваков резултат пред мечот, со две раце ќе го прифатев
Македонскиот ракометар и селектор Кире Лазаров е среќен со резултатот во Злин против Чешка (24-24), иако нашите ракометари имаа водство и од седум голови.
„Им честитав на момците за храброста и одличниот натпревар. Ако некој ми понудеше ваков резултат пред мечот, ќе го прифатев со две раце затоа што знаеме дека Чешка е тежок противник“, вели Лазаров.
Македонија го игра реваншот против Чешка во Скопје на 17 април.
13.04.2022 - 23:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа