Три знаци дека имате одличен секс
Сексот е важен за секоја врска, но во него треба да уживаат и двајцата партнери. Ова се три знаци дека имате одличен секс со парнерот.
Не се грижите како изгледате
Водењето љубов е момент на страст на кој треба да се препуштите целосно за да уживате максимално. Во тие моменти не треба да ви е важно како изгледате, каква ви е фризурата, дали ви се гледа целулитот...
Секогаш кажувате што ви се допаѓа
Сексот е индивидуален, а секој од нас има различни потреби и желби. Поради тоа, за да имате совршен секс со партнерот треба да разговарате со него. Треба да му кажете што мислите и што сакате бидејќи тој не ги чита вашите мисли. Партнерите коишто имаат одличен секс секогаш разговараат за она што им се допаѓа додека водат љубов.
Се чувствувате опуштено и среќно по сексот
Докажано е дека сексуалниот однос влијае на работата на мозокот и лачење на хормонот на среќа и задоволство. Ако по сексот се чувствувате среќно и исполнето, но и уморно – ова е знак дека имате совршен секс.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа