МВР казни 224 возачи само во Скопје

Дури 224 возачи за само едно деноноќие во Скопје ќе платат казна за непочитување на сообраќајните правила и прописи, известија надлежните служби. Од вкупниот број на напишани казни, 133 санкции се за брзо возење, 13 за возење без возачка дозвола, 12 за возење под дејство на алкохол.
Како што известуваат надлежните служби, изречени биле и седум мерки за користење мобилен телефон, пет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли и 41 за непрописно паркирање.
„Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“ – додаваат од Министерството за внатрешни работи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









