ФОТО: Најново селфи на Џенифер Лопез - пејачката ја покажа својата природна коса
Постојат среќни луѓе во светот кои се магично прилагодени на било која боја, должина или стил на коса, пишуваат таблоидите и додаваат можат слободно да ја вбројат Џенифер Лопез во оваа група луѓе.
Во нејзиното најново селфи, објавено на Инстаграм-профилот „Џеј Ло бјути“ (@JloBeauty), може да се види дека пејачката ги отстранила сите екстензии на косата и ја обликувала нејзините природна коса до рамената.
Иако нејзината коса можеби е малку пократка од вообичаеното, Џеј Ло, се разбира, и понатаму е во својот препознатлив сјај.
Видовме неколку селебрити-личности кои неодамна одлучија да се ослободат од екстензиите, при што Кајли Џенер ја покажа својата природна пократка коса, а Аријана Гранде ни даде увид во убавата природна текстура на нејзината коса.
Макфакс
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа