Шилегов: Годинава не ме касна комарец

Состојбата со комарците веќе е ублажена, вели скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Тој очекува в петок кога ќе заврши прскањето против возрасните комарци да заврши и маката на скопјани. Но, за разлика од повеќето граѓани, Шилегов вели дека него цела година не го каснал ниту еден комарец.
-Секогаш кога се прска треба да се мисли пред сè на здравјето на луѓето, затоа што прскате хемикалија и токму заради тоа таа мора да биде по сериозни протоколи и препораки од здравствените власти, рече Шилегов.
На прашањето дали годинава бил каснат од комаец, тој одговори:
-Годинава не. Јас живеам во Тафталиџе немам слушнато дека имаме проблем, барем во соседството во коешто јас живеам, одговори Шилегов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









