ВИДЕО: Летна церадата на кафуле во Сити Мол поради силниот ветер

Откорнати кровни конструкции, оштетени фасади на објекти, паднати дрвја, оштетени билборди и возила е билансот од силниот ветер што доцна синоќа дуваше во Скопје со брзина од над 100 километри на час.
Дел од последиците што ги остави силниот ветер можеа да се забележат и утринава.
Скопјани на Фејсбук објавуваат видеа и фотографии од штетите кои ги предизвикало невремето.
На Фејсбук беше објавено и видео на кое се гледа како силниот ветер ја однесе гумената церада од терасата на познато кафуле лоцирано на главниот влез на Сити Мол.
27.02.2020 - 10:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









