Денеска протест во Скопје за законот за отпад - Улицата ќе биде чекалница

Движењето „Петоци за иднината Скопје“ денеска во 15. часот ќе излезе на протест пред Парламентот од кој, како што соопштија, ќе побараат да запре фарсата на партиите во врска со законот за отпад.
На протестот симболично ќе се седне на улица која ќе биде чекалница додека се донесе решение за секојдневното труење од согорување отпад.
- „Ќе седиме, но не со скрстени раце, затоа што долгата битка, која минатата есен ја нарековме зелена револуција, продолжува во 2020“, најавуваат од Младинското движење за климатска правда.
31.01.2020 - 09:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









