Утрово бесплатно, попладнево мораше да се плати карта во ЈСП - Укинати мерките за воздухот

 

Дождот и ветерот го исчистија воздухот, загадување веќе нема тврдат надлежните. Мерките траеја само ден и половина. Утрово оние кои ги оставиле автомобилите и со јавен превоз заминале на работа, попладне ќе си платат автобуски билет. Точно напладне градот ги укина итните мерки. Скопскиот градоначалник признава дека не успеале да ги демотивираат граѓаните и ги повика да ги променат навиките, јавува Сител.

Со измени во законот, владата ги обврзува општините со над 35 000 жители да изготват акциски планови со сет мерки за намалување на аерозагадувањето. Сите инспектори вклучувајќи ги и комуналните ќе имаат надлежност да го следат спроведувањето. Мерките ќе опфаќаат забрани и ограничувања на уреди за затоплувања, редукција на сообраќај, реорганизација на работно време, а за не почитување ќе има казни од 200 до 6000 евра.

Скопје утрово се најде на 4 место во светот по загаден воздух. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.01.2020 - 17:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега