Скопјани и покрај препораките, не користат бесплатен превоз

Скопјани не ја користат една од пакетот мерки на градот – бесплатниот превоз. вели во „Утрински брифинг“ портпаролот на ЈСП, Деспина Димовска – Трајкова.
Извештаите говорат дека не се зголемуваа свесноста за користење на јавниот превоз. И сега кога воздухот е загаден, тие не ја напуштаат удобноста на автомобилите.
– Билетот за едно возење се наоѓа во тест фаза. Засега има до Матка и одредена количина е пуштена во оптек. Не би сакала да лицитарам со датум кога ќе биде целосно пуштена, ќе чини 50 денари. Правиме напори испораката на новите автобуси да биде предвреме. До почетокот на летото сите тие треба да бидат дел од јавниот превоз, рече портпаролот на ЈСП, Деспина Димовска – Трајкова.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









