Дали е водата во Скопје безбедна за пиење?

 

Водата за пиење во Скопје е безбедна и нејзиниот квалитет одговара со Правилникот за барања за безбедност и квалитет, информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Оттаму денеска соопштија дека во периодот од 20 до 24 овој месец земени се 189 примероци за физичко-хемиска и 189 примероци за микробиолошка анализа од 45 мерни места во Скопје и оти сите примероци се исправни.

– Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, велат од „Водовод и канализација“.

Неделиот извештај за квалитетот и безбедноста на водата се објавува со цел поголема информираност на граѓаните. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2020 - 09:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега