Неколку скопски населби и болници денеска ќе бидат без вода

Поради зголемување на енергетската моќност на трафостаницата која е лоцирана во ПС Водно денеска прекин на водоснабдување ке имаат корисниците од населбите: Водно, Пржино, Црниче, дел од Козле (висока зона), резиденцијалните објекти на Владата, Комплексот на МВР, Клиника за хематологија, Клиника за трансфузиологија и Детска болница Козле, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 до 17:00 часот.
27.12.2019 - 08:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









