Новогодишна елка од луѓе за Гинисов рекорд на плоштад „Македонија“

 

Формирањето новогодишна елка од луѓе, како што соопштува Град Скопје, е дел од програмата на „Винтерленд“.

– Настанот ќе биде збогатен со музичко-забавна програма, а за доброто расположение на учесниците ќе се погрижат Бени Шаќири и „Нонстоп“. Дојдете да се забавуваме и да ја направиме најголемата новогодишна елка во светот направена од луѓе, велат од Град Скопје.

Во моментов, најголемата елка од луѓе според Гинис е направена во Индија, во 2015 година, со 4.030 учесници, а утре и Скопје ќе се обиде да влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Градот Скопје ги поканува сите заинтересирани да дојдат на плоштадот и да се придружат во овој потфат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.12.2019 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега