Средношколци од Скопје бојкотираат поради загадениот воздух

Средношколци од гимназиите „Никола Карев“ и „Раде Јовчевски Корчагин“ утринава се собраа во училишните дворови приклучувајќи се на најавениот бојкот поради огромното загадување на воздухот, пренесе Радио МОФ.
- „Бојкотираме во внатрешниот двор, од директорот ни беше кажано дека не смееме да се движиме по ходници. Мораме да бидеме во внатрешниот двор или на часови“, вели средношколецот Петар од Корчагин.
- „Се закануваат со казни, имаме неоправдани“, вели средношколка од „Карев“.
Младинскиот образовен форум синоќа ги повика учениците да пријават ако некој им врши притисок на училиште или ако на одреден начин им ги повредуваат нивните ученички права.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









