Георгиевски: Општина Гази Баба спроведе акција за пошумување на Скопска Црна Гора, засадуваме 15.000 багреми

 

Во Страчинци денеска се засадуваат 15.000 багреми. Ова место е одбрано за оваа акција затоа што според студијата за ерозија која ја направивме како општина со експертите од Шумарскиот факултет, Страчинци заедно со населените места Раштак, Булачани, Црешево, Виниче и Брњарци, спаѓаат во едни од најкритичните ерозивни подрачја во општината велат преку соопштение од Општина Гази Баба.

- Затоа засадуваме багреми, кои лесно се зафаќаат како дрвја и кои ја собираат водата од почвата и прават заштита за идните поголеми количества на вода од дождовите кои што можат да бидат причина за ерозија на почвата, особено на вакви суводолици. Со ова, во иднина ќе се спречи создавање на елементарни промени на почвата од големите количества на вода кои носат големи ерозивни наноси кои предизвикуваат големи штети. Оваа акција е од големо значење за овој регион кој е суводолица токму поради бесправната и дива сеча која во последните 10 години има се поголем замав на Скопска Црна Гора. Од друга страна, овој регион неколку пати беше зафатен од пожари во летниот период со што значително го збогатуваме шумскиот фонд, рече градоначалникот Георгиевски. 

Од општината наведуваат дека целта е да се спречи водната ерозија во овој регион и никогаш да не се дозволи да се повтори катастрофалната поројна поплава која се случи во август, 2016 година, во која најзасегнати беа токму овие села во подножјето на Скопска Црна Гора. 

- Во изминатите 2 години извршивме чистење на речните корита во Црешево, Виниче и Страчинци каде што се чистеа каскадните постави на каналите се со цел да се ублажи големото количество на вода од овие пределени како и да нанесе штета. Заедно со краткорочните мерки кои предвидуваат чистење на каналите и пошумување, како долгорочна мерка општина Гази Баба изработи нов основен проект за нов ободен канал кој што предвидува да ги собере сите речни корита и суводолици почнувајќи од поројните реки кои доаѓаат од атарот на село Црешево, Виниче, Страчинци и Брњарци, за да на крај се влее во ододниот канал и не дозволи да направи штета на инфраструктурата земјоделието и како што беше случајот во 2016 година по поплавата. 

 Акцијата за пошумување ја поддржаа Претседателот , Стево Пендаровски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, заменик - министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, Дејан Павлески, заменик – министер за локална самоуправа, од ЈП Национални шуми, спортисти, волонтери, акцијаши и граѓани. 

 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.12.2019 - 16:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега