Шилегов нема против да има кафетерија на зелениот покрив на ГТЦ

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, рече дека не е против на зелениот покрив на ГТЦ да има кафетерија, но за тоа сега требало да одлучи ГТЦ.
- „Не сум против да има некаква услужна дејност на покривот затоа што тоа би дало дополнителна вредност за релаксација и целосно уживање во оваа зеленило. Но, обврската за издавање деловен простор за ваква намена ја има ГТЦ и тој во иднина би требало да одлучи дали ваков објект ќе има овде“, рече Шилегов.
29.11.2019 - 14:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









