Милан Поповиќ на Северина ѝ плаќа 2000 евра алиментација - познато е колку таа ќе плаќа за детето

 

Во правната битка околу старателството за синот на Северина Којиќ (47) пејачката денеска и официјално ја загуби битката во спорот со Милан Поповиќ (54) иако одлуката се уште не е правосилна.

Поранешните партнери не се појавија денеска во судот во Загреб за да ја слушнат оваа пресуда, но медиумите веќе објавија колкава ќе биде алиментација што треба да ја плаќа пејачката на нејзиниот поранешен сопруг за издржување на нивното дете.

Станува збор за сума од 1.200 куни или 160 евра.

Откако адвокатот на Милан изјави дека се задоволни од одлуката на судијката Теа Голуб се огласи и Северина која низ солзи раскажува за хрватски „утрински лист“ дека е направено преседан во врска постапувањето.

-Не знам што да ви кажам. Не очекував ваква пресуда бидејќи е направен преседан во постапката, вели Северина која додека ја давала изјавата се гушела во солзи, пише споменатиот медиум.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.11.2019 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега